8 дн.
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
Шокира фактот дека во 2025 имало 4 745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два месеца во 2026 – веќе четири случаи на фемицид. Овие алармантни бројки се слика на општество во коешто е загрозено најосновното човеково право – правото на живот. Не цитирам статистика, туку нотирам пораз на институционалната превенција и навремената акција. Зад бројките се кријат животни приказни, семејни трагедии, неостварени соништа. Ова го нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на пленарната седница во Собранието „Правата и можностите на жените - достигнувања и перспективи“, која секоја година се одржува по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март. -Страшно е секој 8 март, да броиме нови жртви, да презентираме најнови статистики, да дебатираме за политики, да усвојуваме стратегии, посочувајќи ги истите проблеми, презентирајќи брутални статистики, предлагајќи претходно предложени, но непреземени мерки и активности. И овој 8 март, непосредно по несфатливата смрт на Иван...