33 ч.
Комеморација за пожарот во Кочани: Трагедиите не треба да бидат поле на раздор, туку моменти на солидарност, хуманост и сплотеност
Трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето на комеморативната седница за годишнината од пожарот во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Комеморативната седница почна со едноминутно молчење во знак на почит за споменот на 63-цата загинати во Кочани. На седницата, покрај пратениците, присуствуваа претседателката на државата Гордана Силјаноска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, семејствата на трагично починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“... Оваа комеморативната седница, според спикерот Гаши, не е само институционален формализам, туку заедничко поклонување на целата држава пред животите што згаснаа и пред семејствата што продолжуваат да ја носат тежината на оваа трагедија. На родителите им порача дека нивната болка е болка на целото општество и оти споменот на нивните најмили е дел од сите нас и од нашата ...