3 недель назад
ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ НА ЛУКСУЗНА ЈАХТА НА ХАЛКИДИКИ Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори (ФОТО)
Додека во Скопје, покрај пеколното време, се вжештува и политичката дебата пред кампањата за локалните избори, актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, предизборно си ги ладат на луксузна јахта на брегот на Егејското Море, објави порталот Плусинфо. Како што пишува Плусинфо, фотографијата е направена денеска, на вториот крак на Халкидики, пред ексклузивната кафеана „Панос“. Ексклузивниот пловен објект е на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак. Паѓа во очи распоредот на екипажот на ова пловило. На „клунот“ на јахтата е Венко Филипче и веројатно тренира да го џитне сидрото да влече напред. Позади, кај моторот, е неговиот ментор Зоран Заев. Да се знае кој е моторна сила на партијата и кој дејствува од заднина. На јахтата не се гледа најдобро третиот важен лик од друштвото, градоначалничкиот кандидат на СДСМ за скопската општина Аеродром – Александар Трајаноски. Но, затоа имаме фотки од кафеаната „Панос“, каде што јасно се гледа дека Трајановски е зафатен со...
Общество