Леклер и Хамилтон се меѓу петте најголеми фаворити за титулата во Формула 1

Обложувалниците ги ажурираа своите квоти за титулата во Формула 1 во 2026 година по претсезонските тестирања. Шарл Леклер и Луис Хамилтон се искачија на третото и четвртото место, соодветно. Коефициентите за возачот од Монако се намалија од 15 на 6, додека оние за Британецот се намалија од 17 на 8. Ландо Норис падна од третото на петтото место, а квотите се зголемија од 7,5 на 10. Фернандо Алонсо забележа најголем пад меѓу фаворитите. Коефициентите на Шпанецот скокнаа од 11 на 67 со што тој се спушти од четвртото на осмото место. Најголеми фаворити во Формула 1 за 2026 година според обложувалниците: 1. Џорџ Расел (Мерцедес) – 3.00 2. Макс Верстапен (Ред Бул) – 4.00 3. Шарл Леклер (Ферари) – 6.00 4. Луис Хамилтон (Ферари) – 8.00 5-6. Ландо Норис (Мекларен) – 10.00 5-6. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) – 10.00 7. Оскар Пјастри (Мекларен) – 15.00 8. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) – 67.00. Сезоната 2026 во Формула 1 ќе почне со етапата во Австралија од 6 до 8 март. (МИА)


1 н.
Спорт
ID: -3513389257173673176


Похожие Новости expand_more


Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Entertainment
Sport
Culture
Sport
Sport
Science
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Sport
Entertainment
Sport
Sport
Sport
Military
Sport
Sport
Add Watch Country

arrow_drop_down