Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. -Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв. Членови на ВМРО-ДПМНЕ беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства. Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело...


2 н.
Политика
ID: 4944512494069326753


Похожие Новости expand_more


Politics
Politics
Sport
Politics
Politics
Politics
Politics
Politics
Politics
Politics
Sport
Politics
Politics
Politics
Politics
Crime
Politics
Politics
Politics
Politics
Politics
Politics
Crime
Politics
Crime
Politics
Politics
Sport
Politics
Sport
Politics
Politics
Crime
Politics
Politics
Politics
Sport
Politics
Politics
Sport
Politics
Politics
Politics
Politics
Sport
Politics
Sport
Politics
Sport
Add Watch Country

arrow_drop_down