ОЈО ДА ПОСТАПИ: Пренџов бара транспарентна истрага за сомнежите за криминал поврзани со кланот Заеви

Во однос на случувањата поврзани со сомнежите за криминал на кланот Заеви и Венко Филипче, мојот став е одамна познат. Минимум 10 години сум присутен во јавноста преку емисии и настапи и истиот став го задржувам за тој човек, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во гостување во „Наткаст“ на Љупчо Цветановски. Според Пренџов, во Република Македонија ќе има правда и таа ќе стане правна држава само во моментот кога Обвинителството, во јасна и транспарентна постапка, ќе го истражи сè она што се случувало во рамки на сомнежите за криминал поврзани со кланот Заеви, со Зоран Заев, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и други лица. Тој посочи дека опозицијата во изминатиот период во јавноста изнела бројни документи и опишани докази кои претставувале индиции за сторен криминал, но и покрај тоа, до денес, во 2026 година, Обвинителството не спровело истрага, ниту пак ја информирало јавноста дали документите и пишаните докази изнесени од опозицијата за Зоран Заев се точни или не. ...


2 недель
Криминал
ID: -386408200427821178


Nothing found
Add Watch Country

arrow_drop_down