Апелирам до сите жртви на семејно насилство сето тоа да го пријават и да останат на пријавата и да не ја повлекуваат, затоа што ако се повлече пријавата тогаш центрите за социјална работа и Министерството не можат ништо да направат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Штип, одговарајќи на новинарско прашање во контекст на настанот во скопски Карпош. - Навистина трагедија. Жалам што тоа се случувало во минатото, што се случува и претпоставувам дека ќе имаме вакви настани и во иднина. Но, тој број треба да го намалиме. Ние како држвата и како Влада ќе застанеме целосно во функција на жртвите на ваков тип на девијатно однесување. Ги молам, сите оние жртви на девијатно однесување да не се повлекуваат кога ќе пријават, рече Мицкоски. На новинарско прашање за барањето од СДСМ за оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во Карпош, премиерот рече дека опозицијата бара оставки секој ден од секого. - Без разлика на тоа какви се нив...