Денес градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со премиерот на Република Македонија проф.д-р Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, извршија увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“. Проектот за доградба на училиштето во моментов се наоѓа во активна фаза на реализација и претставува значајна инвестиција насочена кон подобрување на условите за настава и одговор на зголемениот број ученици. Доградбата се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, преку вториот повик од програмата за финансирање на капитални инвестиции во општините, а со проектот се предвидува проширување на училиштето за околу 560 квадратни метри, со изградба на шест нови училници, нови санитарни јазли и значително подобрување на функционалните услови за изведување на наставата. - Задоволство е секогаш кога ќе правиме увид на ваков тип на проекти како што е овој. Д...