Во руски напад со дрон врз Богодухив во Харковската област загинаа три деца и еден маж, додека нападите врз Запорожје предизвикаа пожари и прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украинските власти. Државната служба за вонредни состојби на Украина (ДСНС) објави на социјалните мрежи дека во напад со руски дрон целосно е уништена приватна куќа по што избувнал пожар кој се проширил на повеќе од 60 квадратни метри. „Непријателот уште еднаш со ударен дрон го нападна приватниот станбен дел на Богодухив. Погодена е куќа која е целосно уништена“, соопшти ДСНС. Во нападот загинаа две момчиња на возраст од една година и двегодишно девојче. Спасувачите ги извлекоа нивните тела од урнатините. Животот го загуби и 34-годишен маж. Началникот на Харковската регионална воена управа, Олех Сињегубов, изјави дека се повредени уште две лица: 35-годишна трудница и жена постара од 70 години. Ова е втор смртоносен напад врз Богодухив во последните неколку дена. Руските сили на 9 февруари го ...