Албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу, во интервју за ЕУРАКТИВ, вели дека целта на неговата земја е да биде силна алка во синџирот на европската безбедносна архитектура, во услови на растечки предизвици на континентот. -Нашиот регион не е периферија на европската безбедност, туку дел од нејзиниот нервен систем, рече Венгу, подвлекувајќи дека Југоисточна Европа денеска се соочува со закани кои бараат координирани одговори и зголемена посветеност. Според него, проширувањето на Европската Унија кон Југоисточна Европа е поврзано не само со исполнувањето на стандардите од страна на земјите-кандидатки, туку и со кохерентноста и геополитичката определба на самата ЕУ. -Доколку Европа сака да демонстрира стратешка длабочина, мора да ги зачлени оние земји кои континуирано придонесуваат за гарантирање на тоа, нагласи министерот, објави АТА Зборувајќи за приоритетите во областа на одбраната, Венгу, се фокусира на важноста од зголемување на капацитетите на вооружените сили, нагласувајќи ја брз...