home Все Новости open_in_new Подробнее

Алармантни податоци на Евростат: 24,2% од ДЕЦАТА во ЕУ изложени на СИРОМАШТИЈА!

Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%) – објави Евростат. На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), Шпанија (34,6%) и Романија (33,8%). Спротивно на тоа, Словенија (11,8%), Кипар (14,8%) и Чешка (15,4%) се на дното на листата. Во споредба со 2023 година, во Романија се регистрира најголемо намалување на уделот на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2024 година, -5,2 п.п., по што следуваат Ирска (-3,7 п.п.) и Унгарија (-3,3 п.п.). Од друга страна, Финска (+3,5 п.п.), Хрватска (+2,0 п.п.), Бугарија и Белгија (и двете +1,2 п.п.) забележаа најголемо зголемување.


today 5 дн. назад attach_file Разное

5 дн. назад Алармантни податоци на Евростат: 24,2% од ДЕЦАТА во ЕУ изложени на СИРОМАШТИЈА!
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
3 недель назад Лимани: Приоритет на новиот Национален акциски план е намалувањето на детската сиромаштија и воведување на Европската детска гаранција
attach_file Экономика
3 недель назад Кескинова откри алармантни податоци: 5% од вкупното население пријавило семејно насилство во нивниот дом, некомуницирањето најчеста причина за развод
attach_file Общество
attach_file Общество


ID: 1165739566
Add Watch Country

arrow_drop_down