7 дн. назад
Валверде за првиот предизвик под водство на Алонсо: Сакаме да ја освоиме титулата
Реал Мадрид се уште го нема потврдено Чаби Алонсо како нов предводник на екипата, но тоа е веќе јавна тајна затоа што сите коцки се наместени, тој го официјализира заминувањето од Баер Леверкузен исто како што е познато дека Карло Анчелоти го напушта „Сантијаго Бернабеу“ и станува селектор на Бразил. Во брзо време се очекува Реал да ја објави веста за Алонсо кој првиот предизвик на новото работно место треба да го има на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави. Тој ќе има можност да се запознае со екипата, да види со што располага и дали нешто ќе треба да се корегира, а играчите веќе се подготвени да испорачаат резултат. -Пристапот на СКП? Како и секогаш. Со многу ентузијазам и возбуда. Горд сум што го претставувам Реал Мадрид. Токму како што бара овој клуб. И нешто што навивачите заслужуваат да го уживаат, уште една титула, -порача Федерико Валверде. Ривали на шпанскиот клуб на СКП му се Ал Хилал, Пачука и Салцбург.
Спорт