Во пишано известување Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја известува јавноста дека нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти. -Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се регистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот - имотен...