2 недель назад
Танески нoв тренер Прилеп, Димитриоски се врати во Суперлигата
Екипата на Прилеп продолжува да се екипира за новата сезона и донесе два новитети кои значително ќе го подигнат квалитетот на тимот. Нов тренер е Наум Танески, поранешен тренер на РК Струга и актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија. Танески сезонава ги водеше стружани и успеа да обезбеди опстанок во Суперлигата, а сега со голема амбиција пристапува кон нов предизвик во Прилеп. Големо засилување е Димитар Димитриоски ,кој по неколку години се враќа дома. Левото крило, кој игра и на позицијата среден бек, има 27 години, а доаѓа од шпанскиот клуб Ваљадолид.
Спорт