6 ч. назад
Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде
СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидат за главниот град им е Каја Шукова која вели дека ќе се залага за чисто, уредено, и безбедно Скопје. Шукова се однесува како да не знае дека партијата од која е дел, и чиј министер за животна средина беше самата таа, не знае што значат поимите кои таа ги употребува. Шукова доаѓа од партија која само знаеше да протестира сама против себе кога станува збор за чисто и уредено Скопје. СДС очигледно само знае погрешно да постави темели и се знае дека потоа се оди во погрешна насока, работите не ни стагнираат, туку само одат во полоша насока. Па така откако ја преземаа власта во 2017 година наместо да се фатат за работа тие излегоа на протест и си протестираа сами против себе, или протестираа нивни пратеници, а тие беа на власт, нивен заменик министер за животна средина исто протестираше наместо да се...
Политика