2 недель назад
Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија
Во Скопје, од 26 до 29 јуни годинава ќе се одржи Европското првенство во џудо за кадети. Еден од најголемите меѓународни настани во Македонија во 2025 година ќе се одвива под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“. Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски очекува рекорден број учесници на еден ваков турнир и можност за промоција на нашата земја. - Сите подготовки одат во најдобар ред. Од 51 земја членки на Европската џудо федерација, досега 19 се пријавени за настап во Скопје. Се разбира, роковите не се истечени, има време да се пријават и другите, но она што е посебно важно за нас е дека најдобрите и најквалитетните федерации – како Грузија, Азербејџан, Германија, Франција, Швајцарија..., веќе го потврдија своето учество. Околу 400 луѓе го потврдија своето доаѓање, вклучително и првите луѓе на Европската џудо федерација, така што очекуваме рекорден број учесници на едно кадетско првенство. Реално очекувам барем 40 земји да се натпреваруваат во Скопје, изј...
Разное