home Все Новости open_in_new Подробнее

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп за 600.000 раселени Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа. Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослабе власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси. Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на 60-дневниот прекин на огнот, за што Израел и Хамас водат преговори. Исто така е предвидено со кампот да управуваат „меѓународни партнери“, а израелската армија ќе се грижи за безбедноста. Израелскиот министер за одбрана посочи и дека се изготвуваат планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на градот Рафа, кој е во голема мера уништен во војната. Во Појасот Газа живеат помалку од два милиони луѓе, а поголемиот број од нив се раселени за време на конфликтот. Ниту една земја во светот не изрази подготвеност да прифати Палестинци од Појасот Газа.


today 29 ч. назад attach_file Разное

attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Общество
attach_file Экономика
2 ч. назад Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава
attach_file События
attach_file Наука
attach_file Спорт
3 ч. назад Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година
attach_file Общество
3 ч. назад Фон дер Лајен: Европа мора да ја зајакне својата економска и индустриска база
attach_file Разное
attach_file Спорт
4 ч. назад Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја работам со граѓаните и ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје
attach_file Общество
attach_file Наука
4 ч. назад Нетанјаху: Одлични работи се случуваат кога соработуваат САД и Израел, ќе го уништиме Хамас
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Спорт
attach_file Разное
5 ч. назад Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот
attach_file Разное
5 ч. назад 20 милијарди денари директна помош од Владата за локалните самоуправи, за развој на секое населено место во државата
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 2519995340
Add Watch Country

arrow_drop_down