home Все Новости open_in_new Подробнее

Колумбиски кандидат за претседател застрелан на митинг во Богота

Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, беше застрелан во главниот град Богота, јавуваат светските агенции. Според властите, нападот се смета за атентат. На видеа на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор на митинг во западен дел од градот, кога се слушаат истрели. На други снимки Урибе лежи на земја, крвав. Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, соопшти дека Урибе е пренесен во итна медицинска установа. Еден осомничен е уапсен, а според здравствените власти, сенаторот бил погоден од три куршуми, од кои два во главата. Според колумбискиот весник „Ел Тиемпо“, напаѓачот е 15-годишно момче. Колумбиската влада, предводена од левичарскиот блок, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „напад врз демократијата, слободата на мислата и правото на политичко учество“. Мигел Урибе е член на партијата Демократски центар, чиј лидер е поранешниот претседател Алваро Урибе, кој беше на власт од 2002 до 2010 година. Мигел ...


today 3 недель назад attach_file События

attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file Политика
3 недель назад Колумбиски кандидат за претседател застрелан на митинг во Богота
attach_file События


ID: 2785607311
Add Watch Country

arrow_drop_down