6 дн. назад
Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
Месец мај годинава беше постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид, каде беа измерени поголеми количества врнежи во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија. -Средномесечната температура на воздухот се движеше од 9,9°С во Маврово до 18,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните мајски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше подпросечна за 1,4оС, на ниво на држава, соопшти денеска Управата за ходрометеоролошки работи. Највисоката максимална температура беше измерена на 4 мај во Гевгелија и изнесуваше 29,9 степени Целзиусови. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 15 мај и изнесуваше 0 степени Целзиусови. -Во месец мај 2025 година месечната сума на врнежи во државата варираше од 45мм во Скопје - Зајчев рид до 88мм во Охрид. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, ...
Разное