4 дн. назад
Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со 2:1. Роналдо го постигна голот за победа, но играч на мечот беше Франсиско Консеисао. Португалија по 25 години и пет порази во низа успеа да ја победи Германија. На ЕП во 2000 година Португалците славеа над Германија со 3:0 со хет-трикот на Серџо Консеисао, а вечерва неговиот син Франциско го иницираше пресвртот за победа. Германците поведоа на стадионот во Минхен со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц во 48-та минута. Португалците ја загубија топката во својата половина, а по елегантниот центаршут на капитенот Кимих, Вирц со глава ја испрати топката во мрежата. Сепак, 15 минути подоцна, Португалија израмни со прекрасен гол на резервистот Франсиско Консеис. Фудбалерот на Јувентус, само пет минути по влегувањето во игра, изведе одлична соло акција и со удар од околу 20 метри го совлада тер Штеген. Пет минути подоцна Португалците го комплетир...
Разное