home Все Новости open_in_new Подробнее

Младите брачни парови до 35 години во Берово се ослободуваат од надоместок за изградба на станбени објекти

Во духот на поддршка на младите семејства и сите што сакаат да го изберат Берово како свој дом, Советот на Општина Берово, донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, за изградба на индивидуални куќи, за млади брачни другари, до 35 годишна возраст. Со оваа мерка се овозможува бесплатно уредено градежно земјиште, за сите млади, заинтересирани, кои планираат изградба на сопствен дом на територијата на Берово. Целта на мерката, е стимулирање и поддршка на младите во обезбедување сопствен дом, ослободување од високи трошоци за уредување на градежно земјиште, како и поттик за младите семејства. Ова не е само економска мерка – ова е порака, дека Берово е град, кој сака да ги задржи своите луѓе, град кој гради иднина. Со оваа мерка, Берово се позиционира како високо прогресивна општина, кога станува збор за создавање услови за достоинствен живот на сопствен имот.


today 53 ч. назад attach_file Разное

attach_file Разное
53 ч. назад Младите брачни парови до 35 години во Берово се ослободуваат од надоместок за изградба на станбени објекти
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
неделю назад Бојковска: Со Ребаланс на Буџетот за 2025 година за прв пат после 7 години не се крати од младите!
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 1631841325
Add Watch Country

arrow_drop_down