9 дн. назад
Албанија потпиша договор со ЕИБ за финансирање на пругата Драч
Во Тирана денеска вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, и директорот на Европската инвестициска банка, Лионел Рапај потпишаа договор за финансирање на стратешкиот железнички проект Драч - Рогожина, дел од коридорот VIII. -Оваа железница е клучна артерија што ќе ја поврзе Албанија со европската транспортна мрежа и дополнително ќе ја зајакне улогата на нашата земја како поврзувачки регион во регионот. Потпишувањето на овој договор претставува уште еден важен чекор кон модернизација на нашата инфраструктура, рече Балуку. Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, која е во посета на Тирана оцени дека договорот ќе донесе големи придобивки за Албанија, отворање нови работни места, зголемување на трговската размена и зајакнување на врските со соседите и со Европската унија. -Овој коридор е од стратешко значење, како важен елемент за воената мобилност и регионалната безбедност, особено во актуелн...
Экономика