home Все Новости open_in_new Подробнее

Прво огласување на преживеаната Ана Костадиновска: „Си замина дел од моето второ семејство“

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани. За Панчо познато е дека е на болничко лекување, за Горан исто дека е меѓу повредените, додека последните информации за Ана беа дека е на домашно лекување. Таа денес, пред да ги испрати во вечноста своите блиски пријатели и драги колеги за првпат се огласи на својот Фејсбук. -Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина....., а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ, напиша Ана на социјалните мрежи. Ана ја промени и својата профилна фотографија каде е заедно со својата трагично почината колешка Сара Пројковска. -Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден стои во описот.



Ана Костадиновска, придружен вокал на ДНК, преживеала трагедија во дискотека во Кочани, каде што загинале членови на групата. Таа се огласила на Фејсбук изразувајќи ја својата тага поради загубата на нејзиното "второ семејство" и колешката Сара Пројковска. Другите преживеани членови на ДНК, Владимир Блажев- Панчо и Горан Тонев се на болничко и домашно лекување соодветно.

today 35 ч. назад attach_file Разное

7 ч. назад Митева: Згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство
attach_file Разное
attach_file Культура
attach_file Наука
35 ч. назад Прво огласување на преживеаната Ана Костадиновска: „Си замина дел од моето второ семејство“
attach_file Разное
3 дн. назад Митева: Само 22 важечки лиценци на цела држава, ДПИ со забрана за вршење должност на сите субјекти без важечка лиценца
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 2119008963
Add Watch Country

arrow_drop_down