home Все Новости open_in_new Подробнее

Унгарија најверојатно ќе се повлече од МКС за време на посетата на Нетанјаху

Се очекува Унгарија за време на посетата на премиерот Бенјамин Нетанјаху оваа недела да објави дека се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, дознава „Тајмс оф Израел“. Тоа ќе биде прво патување на Нетанјаху во Европа откако МКС минатата година издаде налог за апсење за него и за тогашниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства во Појасот Газа, што значи дека земјите-членки на Римскиот статут – меѓу кои е и Унгарија – ќе бидат обврзани да го уапсат. Нетанјаху утре ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во ноември ја отфрли одлуката на МКС да се бара апсење на Нетанјаху и го покани да оствари официјална посета без страв дека ќе биде приведен. Ниту Израел, ниту САД не се страни во судот, а налогот нема механизам за извршување, при што МКС наместо тоа се потпира на соработката од своите земји-членки. Од земјите-членки на МКС се бара да постапат по налогот за апсење на судот, но тоа не го правеле секогаш, потсетува израелскиот портал. (МИА)


today 3 недель назад attach_file Наука

attach_file Экономика
attach_file Разное
10 ч. назад Николоски: Со трет мобилен оператор ќе се отворат нови работни места и ќе се добие конкуренција на пазарот
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Разное
11 ч. назад Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија во целата земја
attach_file Культура
11 ч. назад Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна
attach_file События
attach_file Экономика
attach_file Политика
attach_file Разное
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Разное
13 ч. назад Ново правило на Евровизија: Забранети знамињата на ЛГБТ заедницата и палестинските
attach_file Политика
13 ч. назад Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
attach_file Разное
attach_file Разное
14 ч. назад Ливерпул го објави датумот на шампионската парада, се очекуваат над милион навивачи
attach_file Разное
attach_file События


ID: 1614137853
Add Watch Country

arrow_drop_down