home Все Новости open_in_new Подробнее

Успешен старт за Лина Ѓорческа на турнирот во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка со сигурна победа го почна настапот на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија. Таа во мечот од првото коло ја победи Лиса Заар од Шведска со 2-0 во сетови (62 61) за 1 час и 24 минути игра. Во првиот сет Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 5:0 во гемвои, но ривалката сепак успеа да освои два гема и да намали, но без шанса за пресврт бидејќи македонската тенисерка го освои осмиот гем во првиот сет за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет на стартот во првиот гем беа одиграни 16 поени и по четири брејк топки Ѓорческа поведе со 1:0, а потоа мечот го однесе во мирна завршница откако стигна до 5:0 во гемови. До крајот на мечот противничката освои еден гем, а вториот сет заврши со резултат 6:1 за конечни 2:0. Во следната рунда Ѓорческа ќе игра против Ана Сискова од Чешка, која преку квалификациите стигна до второто коло.


today 5 дн. назад attach_file Спорт

attach_file Разное
2 ч. назад Стојаноски: Приоритет ни е да влеземе во ЕУ, но на достоинствен начин
attach_file Разное
5 ч. назад Пуштена и последната пациентка која се лекуваше во Солун по трагедијата во Кочани
attach_file Наука
6 ч. назад Рокас: Задоволен сум што ЕУ фондовите придонесуваат за успешна реализација на проекти во Општина Велес
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Экономика
12 ч. назад Хутите повторно го нападнаа Израел, сирени и на Западниот Брег
attach_file Политика
23 ч. назад Инзаги: ПСЖ е одличен тим со одлични играчи, но Интер има срце
attach_file Культура
attach_file Экономика
25 ч. назад Пренџов: Владата останува посветена на стабилизација на државата и борба против корупцијата
attach_file Разное
attach_file Экономика
29 ч. назад Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file События
attach_file Транспорт
attach_file Экономика
attach_file Разное
39 ч. назад Бобан Илиоски со спектакуларна победа над Кадри Мурселија одбрани светската титула
attach_file Спорт
attach_file Разное


ID: 2641581085
Add Watch Country

arrow_drop_down