21 ч. назад
Бојковска: Секој студент од оваа учебна година ќе добие по 250 евра за нов електронски уред, вложуваме и во младите, но и во науката
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, гостуваше на утринската програма на МРТ, кадешто говореше за предлог Законот за вредносни ваучери за студенти, со кој секој студент од новата 2025/26 студентска година, ќе има можност за 250 евра или 15300 денари за нов електронски уред. „Се работи за Закон со којшто се овозможуваат вредносни ваучери од 250 евра за сите студенти и редовни и вонредни, и на државен и на приватен универзитет, и притоа еден од условите е да биде државјанин на Република Македонија. Сметам дека ова е позитивно решение, носењето на ваков Закон, за да можат студентите да добијат електронско помагало бидејќи ова ќе придонесе да се извршуваат полесно активностите за на факултет, но и секој да има пристап до електронски уред“, истакна Бојковска. Пратеничката напомена дека овој Закон е донесен заедно во корелација со младите и вели дека тие го поддржуваат овој пристап на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „За оваа мерка од Буџетот се издвоени вкупно 13 м...
Общество