home Все Новости open_in_new Подробнее

34 години од најважната победа на Црвена Звезда заедно со Панчев и Најдовски

На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена Звезда го освои најзначајниот трофеј во својата историја — Купот на шампионите (денешна Лига на шампиони) — по победата над Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Натпреварот се одигра на стадионот „Сан Никола“ во Бари, Италија, и по 90 минути и продолженија без голови, се реши по пенали. Македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдовски беа дел од шампионскиот тим. Во изведувањето на пеналите, головите за Црвена Звезда ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Борислав Станковиќ одбрани удар на капитенот на Марсеј, Аморос, што беше клучен момент за победата. Црвена звезда остана непоразена во целиот турнир, што ја направи оваа титула уште по славна. Шест месеци подоцна, тимот го освои и Интерконтиненталниот куп, победувајќи го чилеанскиот Коло-Коло со 3:0 во Токио, со што стана светски клупски првак.


today 36 ч. назад attach_file Спорт

attach_file Разное
36 ч. назад 34 години од најважната победа на Црвена Звезда заедно со Панчев и Најдовски
attach_file Спорт
attach_file Спорт
2 недель назад Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕП 2026
attach_file Разное
attach_file Спорт
attach_file Спорт
attach_file Разное


ID: 3789998013
Add Watch Country

arrow_drop_down