62 ч. назад
Ивановски: Од кога ја презедов Финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот
Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета од 852 милиона денари на буџетот, изјави Слободан Ивановски, директор на Финансиската полиција, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Ова значи квалитативно работење. Сакам да кажам дека и во иднина, без разлика за која институција, за кој функционер станува збор, Управата за финансиска полиција ќе постапува и ќе го сработи секој предмет темелно“, рече Ивановски. Го посочи случајот со РЕК Битола. „Имаме штета од околу 178 милиони денари, исто и ова со ХЕЈ имаме штета од 24 милиони денари. Значи сумите секогаш ќе нè водат нас во делот на тоа да дадеме акцент и приоритет на тие случаи. Невозможно е сите случаи да се изработат во еден момент, да се истражат, но, сепак, врз основа на нашата функција која што значи откривање, истражување и пријавување на кривични дела, мораме да дадеме приоритет на поголемите износи, на поголемите штети на буџет. И...