4 дн. назад
Како до пари: Илон Маск во 4 чекори ќе ве посоветува како да се стане експерт
Проширувањето на разбирањето за различни области може да биде корисно лично и професионално. Илон Маск постојано учи и ги применува своите знаења во низа различни дисциплини. Тој е, без сомнение, експерт во различни области. Илон Маск е еден од најпаметните, најбогатите и најмоќните луѓе во светот, кој не се двоуми да се обиде да ги оживее своите навидум надреални идеи преку амбициозни проекти. Мозокот кој стои зад „SpaceX“, „Tesla“, X и е еден од главните во администрацијата на преседателот Трамп е исклучително вреден и инвестира 85 часа работа неделно во своите проекти и компании, пишува Mager.ba. Маск се спротивставува на вообичаеното верување дека треба да се специјализирате за да станете експерт во една област за да бидете успешни. „Општ експерт“ по дефиниција е некој што има можност да стекне експертиза во различни дисциплини, индустрии, вештини и теми. Низ историјата, полимати (луѓе полни со знаење), како што се Леонардо да Винчи, Томас Едисон и Никола Тесла, иновативно корис...