58 ч. назад
Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, а сите неправилности може да се пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk. По објавувањето на двете владини одлуки во „Службен весник“ од денеска тие стапија на сила и ќе важат до 30 април. Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа, се ограничува маржата на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа со 5 проценти бруто профитна маржа ќе бидат млекото, лебот, брашното тип 400 и тип 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, а со 10 проценти бруто профитна маржа месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзе...