14 ч.
Последната „улога“ на покојниот Вал Килмер создадена со помош на вештачка интелигенција
„Филмската куќа Фрст Лајн филмс (First Line Films) најави дека во нивната претстојна историска драма „Длабоко како гробот“ („As Deep as the Grave“) постхумно ќе се појави актерот Вал Килмер, а неговата изведба е создадена со помош на генеративна вештачка интелигенција. Станува збор за прв ваков случај во историјата на филмот, а продукцијата објави и прва фотографија од дигитално создадениот лик на Килмер“, пренесува онлајн медиумот Инди Вајр (IndieWire). Во официјалното соопштение се наведува дека Килмер, кој почина лани, во април, првично бил избран за улогата на отец Финтан – католички свештеник и духовен водач на домородното население. Станува збор за историска личност поврзана со мисијата Сан Хуан во Ново Мексико. Но, поради нарушената здравствена состојба, актерот не бил во можност да учествува на снимањето. Иако не снимил ниту една сцена, Килмер сепак ќе „настапи“ во филмот, благодарение на вештачката интелигенција. Филмот, кој претходно беше насловен „Кањон на мртвите“ („Canyon ...