Таа вечер кога се случи пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе, не бев дежурна. Ми се јави дежурниот колега, кој беше и шеф на Обвинителството (во Тетово, н.з.) и, вели, колешке, ве молам дојдете, јас веќе не можам да се снајдам, овде е хаос. Значи, по барање на шефот на Обвинителството, се приклучувам, доаѓам таму. Потоа доаѓа и Јовески, значи, тој се појавува и каде треба и каде не треба, а врска нема со животот, не знае ни зошто дошол, уште донел и двајца обвинители да се приклучат во тимот кој ќе води истрага – вели адвокатот Лејла Кадриу од Тетово, во гостувањето на ТВ АЛФА во емисијата на Богдан Илиевски, објаснувајќи ги првите моменти по пожарот во монтажната болница во Тетово во кој изгореа 14 луѓе. Таа во тој момент, работела како обвинител во тетовското ЈО. „Јовески дојде за сѐ да се држи под контрола, да има свои луѓе, да има филтер како да се постапува. Значи, ние спроведуваме истрага, имаме колегиуми, па после ќе се добие одобрение од Јовески да се спроведе ...