Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога на власт беше СДСМ, процесот на регулирање и издавање лиценци за одгледување канабис за медицински цели бил злоупотребен и спроведуван спротивно на законските прописи. Според партијата, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче во 2020 година наводно планирале целосна легализација на канабисот, со цел, како што тврдат, „енормна заработка од бизнисот со марихуана“. Откако таа иницијатива не добила поддршка, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лиценците за одгледување медицински канабис биле доделувани на лица блиски до тогашното раководство на СДСМ, додека други заинтересирани компании немале еднаква можност да добијат дозвола. Од партијата посочуваат дека Струмичкиот регион во тој период се претворил во центар за производство на канабис за медицински цели, што, според нив, отвора сомнежи за фаворизирање при издавањето лиценци. Како дополнителен аргумент, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во време на СДСМ би...