4 недель назад
Николоски: Потребно е кадровско зајакнување на Инспекторатите
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. "Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку активности, а одредени сектори имаат недостаток на вработени а имаат огромни ингеренции. Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија. На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што...
Транспорт