4 недель назад
Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза
Пулмоналната фиброза, како неизлечива болест поврзана со стареењето, ретко се јавува пред 50-годишна возраст. Денес сѐ уште нема лек за ова смртоносно заболување, но новите истражувања покажуваат дека одредени имунотерапии што се користат за лекување рак може да помогнат и во ова третирање на оваа болест. Кај пулмоналната фиброза, позната и како идиопатска белодробна фиброза (ИПФ), третманите само го забавуваат нејзиниот напредок, без можност за запирање или враќање на претходната состојба. Се смета за болест на стареењето којашто зафаќа над три милиони луѓе ширум светот. Ретко се среќава кај помлади луѓе. Може да напредува брзо, предизвикувајќи оштетувања на белите дробови, во облик на „лузни“ што го отежнуваат дишењето. Притоа, околу половина од пациентите ѝ подлегнуваат на болеста во рок од три години од дијагнозата. Истражувачите од Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, Луизијана, САД, открија потенцијален нов начин за лекување на ИПФ. Во напис во „Журналот за клинички истражувања“...
Разное