неделю назад
Дарио Панковски во „Ништо лично“: „Со ДНК имавме договорен заеднички настап во мај, каде тие требаше да отпеат неколку мои, јас неколку нивни песни, но судбината сакала да биде поинаку“ (ВИДЕО)
Тој е дефинитивно највисокиот уметник на македонската естрада. И еден од најдолговечните и најуспешните, не само изведувачи, туку и автори. И по изглед и по години естраден стаж и по резултатите огледани во песните. Твори полека , ама сигурно зашто секоја негова песна излезена од неговата душа станува или хит или останува евергрин засекогаш. Кариерата сепак ќе ја започне како тапанар кој ќе ги има палките в рака, а микрофонот пред себе што е ретка комбинација дури и во светски рамки, а камо ли кај нас. Бонтонот отсекогаш му бил посилна страна, па така ќе се вика и неговиот прв бенд, кој ќе го лансира во естрадните височини, каде и покрај доброто воспитување, ќе останат запаметени по потсетувањето на понежниот пол дека, „Добрите девојки не го прават тоа“. Сепак „меѓу сите ѕвезди“ дефинитивно ќе го лансира почетокот на соло ерата на неговиот „Миг 21“ која трае се до денес! Упорен и истраен, знаејќи дека штое негово ќе си дојде, залевајќи го етерот и со „дупла вотка“ и со „Ракија“, шет...
Общество