home Все Новости open_in_new Подробнее

АМСМ: Од утре привремена промена во сообраќајот на делницата Желино – Тетово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


today 4 дн. назад attach_file Разное

attach_file Разное
attach_file Разное
4 дн. назад АМСМ: Од утре привремена промена во сообраќајот на делницата ЖелиноТетово
attach_file Разное
attach_file Разное
неделю назад Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час
attach_file Наука
attach_file События


ID: 909311081
Add Watch Country

arrow_drop_down