home Все Новости open_in_new Подробнее

Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми. Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија. Платата на Анчелоти е двојно поголема од неговите двајца претходници на клупата на Бразил, Тите и Доривал Жуниор. Официјалната промоција на Анчелоти е закажана за 26 мај во Рио Де Женеиро, а следниот месец Италијанецот ќе го предводи Бразил на натпреварите од мундијалските квалификации против Еквадор и Парагвај.


today 2 недель назад attach_file Разное

attach_file Разное
attach_file Экономика
59 ч. назад Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од мајка на друг затвореник: Пари за наводна заштита или насилство кое го гледала на видео повик
attach_file События
attach_file Экономика
attach_file Общество
attach_file Разное
2 недель назад Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
attach_file Разное
attach_file Экономика
attach_file Разное


ID: 1392303849
Add Watch Country

arrow_drop_down