home Все Новости open_in_new Подробнее

Архиепископот г.г. Стефан: Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан изрази сочувство. „Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот. Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог. Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила. На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление“, стои во соопштението.



Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани, во која загинаа голем број млади луѓе. Тој се моли Бог да ги прими душите на невино постраданите и да им даде утеха на нивните семејства.

today 68 ч. назад attach_file Разное

2 ч. назад Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани
attach_file Разное
3 ч. назад Парастос за упокоените и молитва за повредените: Во храмовите на православната црква заупокоена литургија
attach_file Общество
attach_file Разное
48 ч. назад Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил во телефонски разговор со архиепископот на МПЦ ОА, г.г. Стефан изразил сочувство за трагедијата во Кочани
attach_file Технологии
attach_file Разное
attach_file Разное
68 ч. назад Архиепископот г.г. Стефан: Се молиме Троединиот БогБогот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда
attach_file Разное


ID: 4083016025
Add Watch Country

arrow_drop_down