home Все Новости open_in_new Подробнее

Бегалскиот камп Ал Рукбан во Сирија речиси целосно испразнет

Поголемиот дел од бегалците во сирискиот камп Ал Рукбан го напуштиле кампот по повеќе од десет години во екстремно тешки услови, јави ДПА повикувајќи се на Сирискиот центар за набљудување на човековите права. Кампот, лоциран во пустинскиот југ на Сирија, близу до границата со Ирак и Јордан, беше формиран во 2015 година и бил дом на десетици илјади луѓе, претежно бегалци од подрачјата под контрола на опозицијата на претседателот Башар ал-Асад. Во 2016 година, населението во кампот достигна до 90.000 лица, но со годините бројот се намалувал, делумно поради блокадата на доставата на храна и лекови од силите лојални на Асад. Повеќето семејства се вратиле во родните села во провинциите Хомс и Дамаск, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Центарот. Последните семејства, кои го напуштиле логорот вчера, пристигнале во градот Ал Кариатајн во провинцијата Хомс. Останале само околу 25 семејства, главно сточари без алтернатива, соопшти организацијата.


today 18 ч. назад attach_file Разное

18 ч. назад Бегалскиот камп Ал Рукбан во Сирија речиси целосно испразнет
attach_file Разное
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Разное
2 недель назад Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време
attach_file Разное
attach_file Общество


ID: 3049173580
Add Watch Country

arrow_drop_down