3 недель назад
Ивановски: Во Националната стратегија на САД се предвидува дека ЕУ за 20 години ќе се распадне
Новинарот Христо Ивановски гостива во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски кој се емитува на Youtube каналот на @Kurir.podcast. Имено, Ивановски зборува за Националната стратегија на САД која предвидува распад на ЕУ и ѝ дава максимум 20 години на Унијата. - Од страна ги гледаат работите поинаку, сите ја гледаат Европа поинаку отколку што Европа сама себе си се гледа, дециден е Ивановски. Тој додаде дека на Европа им е кажано дека вака не може да функционирате, и потенцира дека тоа го има кажано и Бил Клинтон. -Не можеме со вас да имаме трговски односи како што барате, имате многу права. Тоа за Европа е модел. Европа не може да се откаже туку така од својот модел, официјален модел, има мигратски модел, социјална држава, сака да финансира такви пакети и проекти, а тоа го нема во Америка тое е сосема друг систем. Не сте ни играчи, тоа синдикатите средете ги. Не ги средија синдикатите, рече Ивановски. Тој потенцира дека сега Европа треба да бара излез, но доцни и тоа сигурно едно триесет години...
Разное