home Все Новости open_in_new Подробнее

Бразилскиот министер за комуникации поднесе оставка откако беше обвинет за корупција

Бразилскиот министер за комуникации Жозе Фиљо поднесе оставка откако обвинителството го обвини за проневера на јавни средства за време на неговиот мандат како заменик, објавија шпанските медиуми. Во отвореното писмо објавено од неговата партија Бразилска унија, Фиљо рече дека неговата оставка е „гест на почит кон владата и бразилскиот народ“ и се бранел од обвиненијата. Претходно, Основното обвинителство го поднесе своето обвинение против Фиљо до Врховниот суд, кој сега ќе одлучи дали ќе ги прифати обвиненијата. Фиљо е член на кабинетот на претседателот Лула да Силва од 1 јануари. Ова не е прва истрага со која се соочува Хозе Фиљо, бидејќи тој веќе е повикан да се појави пред Претседателската етичка комисија за наводна неправилна употреба на државните авиони. Министерот е под истрага и од Врховниот изборен суд за наводно давање лажни информации за неговиот имот за време на изборната кампања во 2022 година, кога доби нов мандат во Долниот дом на парламентот.  (МИА)


today 4 недель назад attach_file Разное

attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Политика
неделю назад Поранешниот бразилски претседател Мело осуден на осум години затвор за корупција
attach_file Общество
attach_file Общество
4 недель назад Бразилскиот министер за комуникации поднесе оставка откако беше обвинет за корупција
attach_file Разное


ID: 927637810
Add Watch Country

arrow_drop_down