home Все Новости open_in_new Подробнее

Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Киев во кој беше погодена делегацијата на ЕУ

Европската Унија денеска остро го осуди синоќешниот руски напад врз Киев, во кој, според најновите податоци, беа убиени најмалку десет лица, а меѓу погодените згради беше и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина. Руските сили во текот на ноќта започнаа голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, при што загинаа најмалку 10 лица, беа повредени 38 и беа оштетени станбени и други згради во седум области, соопштија украинските власти утринава. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека нападот, во кој загина и едно дете, му го покажа на светот одговорот на Русија на дипломатијата во услови на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната. „Згрозен сум од уште еден ноќен, смртоносен ракетен напад врз Украина. Моите мисли се со украинските жртви и со персоналот на делегацијата на ЕУ во Украина, чија зграда беше оштетена во овој намерен руски напад“, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Коста додаде дека ЕУ нема да биде заплашена....


today неделю назад attach_file Общество

attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file Политика
attach_file События
неделю назад Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Киев во кој беше погодена делегацијата на ЕУ
attach_file Общество
attach_file События


ID: 212004531
Add Watch Country

arrow_drop_down