8 дн. назад
Израел на социјалните мрежи првично објави, а потоа избриша порака со сочувство за смртта на папата Франциск
Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, без да ја наведе причината за тоа, јавија денеска британските медиуми. Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на еврејската држава поради војната во Газа. „Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот проверениот налог „@Israel“ на платформата Х, покрај сликата на папата додека тој беше во посета на Западниот ѕид во Ерусалим. „Јерусалим пост“ цитираше претставници во израелското Министерство за надворешни работи, кои, според весникот, изјавиле дека папата давал „изјави против Израел“ и дека сочувството е објавено на социјалните мрежи „по грешка“. Папата Франциск (88), кој почина во понеделникот, во ноември минатата година предложи светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа е геноцид врз Палестинците, во некои од неговит...
Разное