home Все Новости open_in_new Подробнее

Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ

Папата Франциск, кој и натаму е во критична состојба додека се бори со пневмонија, помина мирна ноќ во болница и се одмора, соопшти Ватикан. Папата, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква. „Папата имаше мирна ноќ и се одмора“, соопшти Ватикан во една реченица, без да даде дополнителни детали. Ватикан вчера соопшти дека папата и натаму е во критична состојба четврти ден по ред, но е стабилен и немал нови респираторни проблеми. Прогнозата, како што беше наведено вчера, останува неизвесна, но „стабилни“ биле и неговите параметри кои ја мерат функцијата на циркулаторниот систем. Франциск, кој е папа од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години. Тој е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад развил плеврит и еден дел од белите дробови му бил хируршки отстранет.


today 7 ч. назад attach_file Экономика

attach_file Разное
7 ч. назад Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
5 дн. назад Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 1122526331
Add Watch Country

arrow_drop_down