63 ч. назад
Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос Воскресна, надеж наша!
Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник - Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се слави во ист ден и на Исток и на Запад, папата Фрањо повикува, сите ние како Христови ученици, да го сфатиме ова како можност за да направиме решителен чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден. Тој истакна дека Велигден не се случува по наша иницијатива, ниту според овој или оној календар, туку затоа што Бог „толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“. Бог е тој што има првенство, бидејќи Тој го направи првиот чекор, и затоа не треба да се затвораме во нашите планови, нашите проекти, нашите календари, во „нашиот“ и „ваш“ Велигден. Велигден му припаѓа на Христос! „Католичката црква е подготвена да прифати датум за кој сите се согласуваат. Папата напомена дека оваа Јубилејна година се совпаѓа со 1700-годишнината од Соборот во Никеја (325), чиј симбо...
Разное