35 ч. назад
Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада, но и за други прашања
Во Клубот на пратениците утре ќе се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Од трите опозициски пратенички групи, засега потврда за учество има само од Левицата, а претседателот на СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата. Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. ДУИ денеска попладне на седница на генералниот совет на партијата ќе донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе учествува на состано...
Спорт