9 дн. назад
Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот
На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас. Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум. Тој потенцираше дека перцепцијата од придобивите од членството во ЕУ е се уште голема, но го истакна примерот со Македонија и нејзината неизвесност кон приклучување на Унијата. Додаде дека економската соработка е клучен фактор за стабилизација и соработка меѓу државите. Во подолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Александар Николоски: „Благодарам за поканата и за оваа можност. Ќе започнам со она што сега е најважно прашање, а тоа е она што се случува во Европа. Сојузната министерк...
Политика