home Все Новости open_in_new Подробнее

Во експлозија во израелски тенк убиени тројца војници, офицер тешко повреден

Тројца припадници на израелската армија (ИДФ) беа убиени, а нивниот офицер беше тешко ранет во експлозија на тенк во северниот дел на Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми. Тајмс оф Израел пренесува дека по првичните проценки дека тенкот бил погоден од граната од рачен фрлач на Хамас, ИДФ сè повеќе верува дека фаталната експлозија е предизвикана од неисправна граната што се самодетонирала во тенкот. Истражителите сега се обидуваат да утврдат точно што ја предизвикало смртоносната експлозија што се случила во актуелните борби со Хамас во северната окупирана палестинска енклава. ИДФ објави дека во експлозијата настрадаа наредникот Шохам Менахем (21), наредникот Шломо Јакир Шрем (20) и наредникот Јулиј Фактор (19). Ранетиот офицер, чие име не е објавено, е хоспитализиран во тешка состојба, соопшти израелската војска.


today 44 ч. назад attach_file События

attach_file События
44 ч. назад Во експлозија во израелски тенк убиени тројца војници, офицер тешко повреден
attach_file События
3 недель назад Откако Трамп објави крај на војната, Иран испали нови ракети кон Израел – три лица загинаа
attach_file События
attach_file Разное
3 недель назад Најмалку 11 повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел
attach_file События
attach_file События


ID: 454837401
Add Watch Country

arrow_drop_down