home Все Новости open_in_new Подробнее

Во Кан Јунис се ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош

Повеќе од 100 камиони на Светската програма за храна на ОН, натоварени со брашно, беа ограбени во областа Кан Јунис на југот од Појасот Газа, објавија денес палестинските медиуми. Израелскиот сајт „Ynet“ објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре. Како што објави „Тајмс оф Израел“, на видеото до кое дојдоа медиумите, може да се слушне пукање, но нема непосредни извештаи за повредени. Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) вчера изјави дека „Газа е најгладното место во светот“, каде што „100 проценти од населението е изложено на ризик од глад“. Израел минатата недела почна да дозволува ограничено количество хуманитарна помош во Газа, откако го блокираше влезот на храна, лекови, гориво или друга стока од 2 март. Израел го обвини Хамас за кражба на помошта и вели дека се потребни „строги контроли“ за да се спречи помагањето на оваа милитантна група.


today 6 дн. назад attach_file Разное

6 дн. назад Во Кан Јунис се ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
неделю назад Вкупно 107 камиони со хуманитарна помош вчера влегоа во Газа
attach_file Разное
2 недель назад Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 519974612
Add Watch Country

arrow_drop_down